Високите цени на пазарот, наспроти малите пензии – причина за недоволна посетеност

Топлото време причична плус за задоволство на производителите на градскиот пазар во Штип. Велат дека цените на пазарот се поефтини за разлика од претходно, а тие се задоволни. Поради временските услови производството на одредени произовди се движи во нагорна линија.

„Денес цените на пазарот се движат малце поефтино. Краставицата е 60 ден, кромид 15 ден, тиквичка 30 ден, пиперки лути и благи по 200 ден, доматот 110, претходниот петок бил 100 ден. Производството е добро, за сите производи е подобро тоа што е потопло времето„.

Oд друга страна пак за купувачите и покрај топлото време цените се разочарувачки и високи. Велат високи цени празни ќеси. И за тоа што е потребно да се купи пензиите се мали. А има и такви кои што ни тоа не можат да си го дозволат.

„Има нешто покачено, и тие сакат да работат за пари. Најчето купуваме компири, зелки се што треба мора да се земе. Не се криви шо продават, на нас ни се мали пензиите.“

„Марула, млади тиквички, кромид, лук, кој како си има пари патлиџан, свежи пиперки си земе. Како ти е џепо така ќе си купеш.„

И денеска на пазарот во Штип најмногу се бараа зелената салата и сезонското овошје. Пазарџиите очекуваат со зголемување на производството да се намалат дел од цените на производите.

Лаура Стојанова М-Нет