
На пролет 2022 година се затвораат сите отворени прашања во врска со инфраструктурата , реконструкција и изградба на нови патишта во Источниот дел од државата. Ова денес како заклучок го истакна Министерот за Транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој додаде дека обиколницата во Штип ќе биде завршена за месец до месец и половина, а до пролет ќе заврши и експресниот пат Штип Кочани.
„Сите патишта во регионот се градат со една исклучитлно добра динамика. Првата фаза од експресниот пат Штип – Радовиш е веќе пуштена во употреба, втората фаза веќе привршува делот кон Радовиш, а се работи и на обиколницата околу Штип па се до Три чешми. Очекувањата се дека оваа есен ќе биде пуштен делот кон Радовиш. Но, она што ги интересира граѓаните на Штип, а тоа е транзитирањето низ градот затоа што обиколницата се гради по 40 години ќе биде пуштено за некаде месец, месец и половина“ – исакна Благој Бочварски.
Моментално сите патнички и моторни возила кои се упатени од Истокот кон Струмица и обратно транзитираат низ Штип. Истовремено затворен е и влезот на Кочани па се влегува по патот од кај лесната индустрија.
Лаура Стојанова М-Нет