Започна тест перидот за работа на најсовремената пречистителна станица за вода за пиење во Штип

Денеска започна тест периодот за работа на новата станица за ултра филтрација со која Штип и штипјани ќе добиваат чиста питка вода за пиење од Хидро системот „Злетовица“. Увид во прочистителната станица во Штип изврши Премиерот Зоран Заев, пристутни беа повеќе министри како и Амбасадорите на Јапонија и Словенија.  Првиот човек на град Штип, доктор Сашко Николов посочи дека е горд што од денеска штипјани ќе се снабдуваат со чиста и питка вода за пиење.

„Преку цевководот со зафат 3 од хидросистемот до Штип може да се спроведат количества на чиста планинска вода во количини некаде околу 400 литри во секунда, додека капацитетот на новата ултра филтрација на станицата е 300 литри во секунда, што капацитет е доволен да ги задоволи потребите на штипјани“ истакна Николов.

Преку ХС „Злетовица“ со вода за пиење се снабдуваат општините Пробиштип и Свети Николе, а откако ќе помине тест периодот, од наредната година со питка вода за пиење ќе биде снабден и Штип. Ова е една од најголемите филтер станици не само во дрќавата туку и во регионот.

„Кога ќе заврши сеопфатното и темелно тестирање, жителите на Штип ќе добиваат најквалитетна вода за пиење произведена по сите светски стандарди. Супер модерната пречистителна станица за вода за пиење во Штип со најсовремена технологија, ултра филтрација ќе работи со капацитет од 300 литри во секунда“- додаде Заев.

ХС „Злетовица“ е сложен проект кој е поделен во три фази, првата фаза е за водоснабдување, односо се предвидува над 100 илјади домаќинства од Пробиштип, Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово да добијат чиста вода за пиење, втората фаза е за наводнување и третата фаза за производство на електрична енергија.

Вредноста на овој капитален проект е 6 милиони евра, средства издвоени од Буџетот на Владата на Македонија. Проектот е дел од Програмата за работа на Владата 2017 2020 година, во насока на реализиција на проекти поврзани со обезбедување на чиста вода и подобрување на начинот на живеење на граѓаните од овие пет општини.

Лаура Стојанова М-Нет