Боречката федерација додели признанија за најдобрите спортисти за 2024, плакета за афирмација на борењето за М Нет телевизија

Боречката федерација на Македонија синоќа во Штип организираше избор на спортист за 2024 година. Претседателот на федерацијата, Дејан Богданов вели дека е задоволен од резултатите и успесите.

„Организиравме спортист на боречка федерација кои ги направиле резултати за 2024 година, јас како претседател и мојот тим работевме за овие резулати за 2024 година, можам да кажам дека сме задовлни бидејќи како календар кој го имавме усвоено од почетокот на годината. Учествувавме на сите домашни и меѓународни првенства, учествувавме на балкански, европски и светски, за на крај да имаме учесник на олимпијада бидејки 2024 година беше олимписка година и сите спортски очекувања беа во борењето. Очекувавме уште некоја олимписка норман но тоа е спортот се надевам дека понатаму ќе имаме поголема организација и дека ќе имаме повеќе медали кои не очекуваат на европски, светски и на учество на олимпијада“, рече Богданов.

Боречката федерација на Македонија ги прогласи најдобрите во пионерска конкуренција, во кадетска конкуренција, младинска и сениорска конкуренција.

„Боречката федерација ги прогласува најдобрите во пионерска конкуренција значи најдобри кои освоиле медали од Балканско и Европско првенство, во кадетска конкуренција, во младинска и во сениорска возраст. Бидејќи имавме многу изедначени резултати ние одлучивме оваа година да добијат сите признанија бидејќи имавме Балканско првенство во Македонија имавме многу медали, така да не можевме да ги оделиме и оваа година ги направивме значи сите на едно да имаат благодарница за голема заслуга за афирмација на спортот“, додава претседателот на боречката федерација.

Во 2025 година Македонија ќе биде домаќин на Европското првенство за кадети, а претседателот Богданов вели дека за многу брзо време борењето ќе биде еден од најдобрите спортови во нашата држава.

„2025 година не’ очекуваат многу учества на Европски и Светски првенства, исто така треба да се пофалиме дека 2025 година Македонија домаќин на Европско првенство за кадети и сите насоки се кон тоа Европско првенство не дека другите се изоставени, но акцентот е овде, да се претставиме како држава, прво како добри организатори, добри домаќини и на крај нормално да земеме медали во женска и машка конкуренција. Нашиот тим работи за таа цел имаме цел, јас уверувам целата македонска јавност дека борењето за многу брзо време ќе биде еден од најдобрите спортови во нашата држава“, изјави Богданов.

Телевизија М Нет доби плакета за особен придонес, поддршка и афирмација на борењето. Признанија и благодарници покрај за спортистите беа доделени на тренери и спортски работници.

Александар Ванев, М-Нет