
Македонските прволигаши и второлигаши продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари со цел темпирање на формата за пролетниот дел од сезоната.
Второлигашите Победа и Башкими одиграа пријателски натпревар преку кои ја проверуваат формата, на овој меч двете екипи постигнаа по еден гол, но немаше победник, реми од 1:1.
На Градскиот стадион во Велес екипата на Борец доживеа пораз со резултат од 0:2 од екипата на Скопје. Тимот од Автокоманда резултатски беше подобар на овој меч, а двајцата тренери шанса даваа на играчи на кои ќе сметаат во пролетниот дел од сезоната во Втората лига.
Пред Борец ќе биде тешка мисија да го избори опстанокот во Втората лига на директен начин, избегнувајќи го и баражот, со оглед на тоа што се наоѓа во опасната зона за директно испаѓање. Башкими ќе води борба за враќање во Првата лига.
Второлигашот Кожуф на Градскиот стадион во Гевгелија одигра пријателски меч против прволигаш Тиквеш, кој заврши со минимален триумф за второлигашот со голот на Сашо Дуков од пенал, кој всушност погоди против својот поранешен клуб.
Пролетниот дел од Втората лига започнува на 15. февруари, а пак ден подоцна стартува и пролетната полусезона во Првата лига.
Александар Ванев, М-Нет