Штипјани започнаа да се шишаат во домашни услови, цените високи и во берберски салони

Штипјани започнаа да се шишаат во домашни услови. Цените високи и во берберски салони, па ако порано шишањето чинело 200 денари, граѓаните на терен велат дека сега истото чине 300 денари. Ваквата ситуација ги предизвикало тие да си купат опрема дома и со помош на своите блиски да ги извршуваат своите потреби.

Покрај шишањето, ако некој сака да си ја среде и брадата, анкетираните велат дека тоа би чинело дури и 500 денари

Во согласност со ситуацијата, моментална состојба на цените за едно шишање чини од 250 до 300 денари, па заклучно поскапувањето на сите основни работи и повисокиот стандард, ваквата промена е адекватна и за берберите.

Иван Митев, М-Нет