
Штипјанецот Бојан Миовски во својот втор настап за Унгарскиот тим МТК Будимпешта ги искажа своите голгетерски квалитети. Куп натпреварот Епиток – МТК заврши со резултат 0:8 победа на гостинскиот тим.

Бојан Миовски беше стрелец на два гола, а притоа над него беше направен и пенал.

Првиот гол е дело на Бојан Миовски за водство на МТК од 0:1. Потоа Бојан Миовски (со број 30) како лево крило беше соборен во казнетиот простор при што беше досуден и реализиран пенал од негов соиграч за водство на МТК од 0:2. Ефикасната серија на Бојан Миовски продолжи со постигнување на неговиот втор гол на овој натпревар а седми за неговата екипа за да конечниот резултат гласи Епиток – МТК 0:8 за пласман во понатамошните Куп натпревари.

Ова се убави и вредни моменти за Бојан Миовски кој уште при потпишувањето на договорот истакна дека одлично е примен и дека следејќи ги неговите настапи, раководството на МТК се надева на добри игри и атрактивни голови, што ете Бојан Миовски на најдобар можен начин и го потврдува. Да напоменеме и тоа дека во првите 3 првенствени натпревари Бојан Миовски отсуствуваше поради повреда и сега ова е знак дека тој се враќа во неговиот препознатлив голгетерски стил. Па да му посакаме понатамошни успешни и ефикасни реализации.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk