Студен туш на „градски“, Осогово ноќна мора и мајстор за бодови против Брегалница

Требаше на „градски“ во Штип да заигра тимот на Осогово за да по 3 победи ги предупреди играчите на Брегалница дека секој натпревар се игра за победа, освојување на бодови и најважно од се – без потценување на противникот.

Играчите на Осогово просто беа „разлетани“ по теренот, знаеја зошто се дојдени во Штип, иако слободно ќе кажеме дека понекогаш непотребно претеруваа во валкањето по теренот, исфрлањето на топката, симулациите што донекаде придонесе да се игра скоро цел еден час, наместо 45м.во второто полувреме, што пак остави дилема за часовникот на судиите.

Брегалница играше имаше свои шанси кои не ги искористи, едноставно се немаше среќа, но присутна беше и нервозата поради претераното сецкање на играта што на крајот им се освети.

Брегалница во водство од 1:0 дојде со голот на Антонио Митрев во 58 м. а во 64 м. Осогово израмни на 1:1 преку Илија Далчевски. Немаше крај на радоста на играчите од Кочани при што еден играч дословно се истушира во прекрасниот воден амбиент на градски и на тој начин го прослави големиот бод на својот тим. Ова е втор бод за Осогово а првиот го освоија против екипата на Кит Го во Пехчево.Со овој загубен бод Брегалница го дели првото место со Тиквеш со по идентични 10 освоени бодови, Тиквеш со гол разлика 8:1 а Брегалница со гол разлика 7:3.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk