
Тешката животна приказна на Јованова Марија придонесува за таа и нејзиниот сопруг хуманитарно се грижат за манастирот „Рождество на пресвета Богородица“ во виничкото село Блатец. Пред пет години го губи својот син, а таа самата е болна од рак. Пред камерите на М-Нет телевизија раскажува како после сите случувања во животот почнува да ги одржува манстирот, собира донации, постојано придонесува за ова место за кое е врзана повеќе од се.
„Јас и мојот сопруг пред четири години почнавме да го одржувам манастирот оти син ми Влатко си помина 2018 година. Оболена сум од рак и имам поканети гости од цела Македонија. Во чест на тоа го одгледуваме манастирчето, собираме помош, донации, сега уште треба да го завршиме асфалтот.“ – вели Јованова.
За манастирот кој неодамна беше осветен вели дека е свето место кое помогнално на многумина. Деца кои незборувале или не можеле да одат својот спас го нашле токму на манстирот во Блатец. Затоа апелира до сите хумани граѓани кои се во можност да помогнат, да донираат со цел манастирот да се оддржува во добра сосотојба.
„Секој единец кој дошол овде дечиња кои пет години не се можеле да зборуваат доаѓаа од Кавадарци, од Росоман тука и прозборија. И деца што не одеа доаѓаа тука и проодија и се крајно благодарни.“ – додава Јованова.
Инаку, манастирот „Рождество на пресвета Богородица“ во Блатец беше осветен минатата недела кога впрочем се реализираа и вторите иселенички средби.
Лаура Стојанова М-Нет