Под контрола пожарот меѓу селата Софилари и Драгоево, опожарени околу 500 хектари шума

Околу 500 хектари шума се опожарени во пожарот кој избувна меѓу селата Софилари и Драгоево. 13 пожарникари со 4 возила се бореа со пламените јазици цели три часа за да го стават истиот под контрола. Командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев истакна дека отежнителна околност бил ветерот, но сега пожарот е под контрола. Екипи на противпожарната единица уште се на терен.

„Вчера добивме дојава за пожар од големи размери меѓу двете села Драгоево и Софилари. Од страна на ТППЕ Штип влеговме со четири возила и 13 пожарникари. Пожарот беше во големи размери, имаше ветер, беше во ноќни услови така да успеавме после два три часа да го ставиме под контрола а веднаш потоа и да го изгаснеме“ – посочи Коцев.

Во гаснењето на пожарот учествуваше и месното насение со цел иститот да не се прошири кон селата или да зафати некоја нива. Помош пристигнала и од Центарот за управување со кризи. Коцев и во оваа прилика апелираше до граѓаните да не палат оган на отворено оти пожарите со големи размери може да остават огромни штети зад себе.

М Нет Лаура Стојанова