Боксот има голема традиција во фамилија Демирови, клубот со три вреќи носи големи резултати и медали за Штип!

Традицијата кон боксот во фамилија Демирови е голема, уште од времето на Југославија кога се носеле големи резултати и медали, традиција која трае и до ден денес.

„Ние потекнуваме од спортско семејство, Демирови биле уште од времето на Југославија прваци, носители на трофеј, државни праваци, големи резултати за нашата држава Македонија“, вели Демиров.

Клубот е основа во 2017 години со цел да се пренесува традицијата на боксот и кон младите генерации, а боксерите се дел и од репрезентацијата.

„Останатите боксери кои што ги носам по натпревари кои што се во репрезентацијата, сите се прваци на Македонија. Нема боксер во боксерскиот клуб Фамилија Демирови од сите седум кои што се натпреваруваме нема еден што не е во репрезентацијата, сите се врвни на високо ниво“, додава Демиров.

Клубот има 15тина боксери, кои се натпреваруваат во различни генерации.

„Некаде околу 15-тина дечиња по генерации јуниори, имаме кадети, имаме младици, што значи тие се еден вид на сениори, некаде сме околу 15 деца. Знаете, боксот е малку по специфичен спорт“, вели тренерот.

Тренерот Демиров во спортскиот магазин Трибина вели дека со три вреќи прави шампиони.

„Јас сум тренер со 15 боксери, а со три вреќи. Морам да го кажам тоа нема зошто да кријам, јас сум со минимални услови во градот Штип, затоа што јас имам три вреќи закачено, со три вреќи шампиони прават“, додава тренерот на БК Фамилија Демирови.

Клубот има резултати за почит, со минимални услови тренерот Демиров се труди да извлече максимум од неговите боксери.

„Од 2022 година до 2024 година јас сум првак на Македонија. За да направиш спортист за да вложиш се во него и многу не ти треба, со три вреќи може да направиш шампион со услови под минималните. Инаку на мене 2023 година ми беше потенцијалот дека ќе успеам трофејот да го земам 2024 година станав првак трет пат. Во 2024 година имаме доста успеси, јас земав медал како најдобар тренер во Македонија, на еден турнир во Скопје сите пехари и медали ги имам собрано, од пет боксери пет пехари, тоа што првпат се случува во Македонија. Пет златни медали, во Србија Балкански првак и тоа не е мала работа“, додава Демиров.

Клубот останува посветен на својот пат кон традицијата за боксот како спорт, кон правењето на шампиони и носење на големи резултати и успешно претставување на Штип и Македонија насекаде низ светот.

Александар Ванев, М-Нет