
Социјалните мрежи уште рано утринава осамнаа со еден текст авторизиран од некогашниот пожарникар и на дело докажан хуманист Александар Горгиевски, а упатен кон градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски . Целта на текстот е проверка на шпекулацијата за примање на четворица пожарникари во ТППЕ Штип и желбата на Александар да конкурира и да се врати на својата сакана професија а со тоа да го тестира логото „ Едно општество за сите“.Александар Горгиевски со 10 годишно искуство е докажан во својата професија со сите можни сертификати и едноставно е посветен на оваа пред се одговорна професија .
Дали ќе се оствари желбата на Александар и колку има надеж во остварување на неговата желба …
Со цел да ја провериме информацијата за тоа дали има распишано оглас за прием на нови пожарникари го консултиравме градоначалникот на општина Штип Благој Бочварски кој ја демантираше оваа информација со констатација дека во овие услови на пандемија не се дозволени нови вработувања. Точно е дека наскоро еден пожарникар треба да замине во пензија а откако ќе се обезбедат услови за објавување на конкурс тогаш би можеле да конкурираат сите кои поседуваат квалификации и документи а секако и самиот Александар Горгиевски. Градоначалникот Бочварски нагласи дека има коректна соработка со ТППЕ, и потврди дека општина Штип на име судски трошкови и спорови има исплатено околу 180 илјади евра на пожарникарите. Платите на пожарникарите се усогласени со синдикална спогодба со што е отстранета една неправда и дека наскоро ќе се набави ново противпожарно возило со средства од европските фондови преку проектот за меѓугранична соработка со Бугарија – нагласи во телефонскиот разговор градоначалникот на општина Штип Благој Бочварски.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk