Беса се откажува од натпреварување, ланскиот прволигаш нема да игра во Втора лига?

ФОТО: ФК Беса

Екипата на Беса која лани испадна од Првата македонска фудбалска лига нема да продолжи со натпреварување, откако клубот реши да не игра од испаѓање од елитата во Втората лига.

Беса само една сезона се задржа во Првата лига, откако претходно стана шампион во Втора лига и обезбеди историски влез во елитата, но таму само одигра една сезона.

Екипата од Добри Дол во баражот загуби од Башкими во Кавадарци, со што тимот од Куманово по 17 години се врати во елитата, а пак Беса по една година испадна во Втора лига.

Сега останува едно празно место, наместо 16 да бидат 15 екипи во Втора лига, па се отвара прашањето дали ќе се дозволи настап на Преспа, бидејќи беше единствената екипа која извиси во баражот од поразените третолигаши.

Александар Ванев, М-Нет