Берово веќе работи на проектот типски куќи, Штип е во постапка за донесување ДУП

До средината на наредниот месец е предвидено да заврши постапката за донесување на урбанистички проект, за да се изградат типски куќи во населбата Света Недела во Штип. Колку точно куќи ќе се изградат и колку простор за зеленило ќе има ќе се знае по донесувањето на урбанистичкиот план. Типските куќи ќе бидат кров над глава на неколку Ромски семејства кои сега живеат во старото нерво одделение.

„Во овој момент од страна на општината се води постапка за донесување на урбанистички проект со кој ќе се предвиде намена на земјиште домување А1 и во иднина оваа документација се донесува со цел реализиација на проект за дислокација, односно предвидување на типски куќи за домување на ромски семејства. Оваа постапка би требало да биде завршена кон средината на февруари“ – вели Хаџи Николов.

И додека во Штип се чека изработка на урбанистички план, во Берово проектот е веќе во поодмината фаза, вели градоначалникот Звонко Пеќески. Според него, проектот ќе се реализира во предвидениот рок од 36 месеца однонсно до крајот на оваа година.

„Како главни активности кои се обврска на Општина Берово е легализација на нелегализираните живелаиштана Ромите во населбата, изработка на ГУП и ДУП, санација на 15 куќи на Ромски семејства од кои осум беа во понудата но се санирани 11 куќи, две се во фаза на санација од вкупно 15. Изграден е крак за канализација во должина од 250 метри на улицата 23 август, поделение се 150 канти за отпад“ – додаде Пеќески.

Во Штип со изградбата на типските куќи и преселбата на Ромските семејства од старото нервно одделение се ослободува простор за да се изгради студентски дом, и да се сместат странските студенти кои студираат на универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет