Благодарение на Александар од Штип, штипската противпожарна единица доби нови машини за шумски пожар

Нови машини за гаснење шумски пожари доби ТППЕ Штип, донација од Бугарска амбасада а благодарение на хуманитарната рганизација на Александар Ѓорѓиевски, кој веќе една година повторно е вработен како пожарникар во оваа институција. Вели една ваква машина заменува 10 пожарникари и е од големо значење за оваа институција.

„Штипската ТППЕ преку Бугарска Амбасада добие две машинки штил за гаснење шумски пожари. Можам да кажам дека во иднина за пожарникарите ќе биде многу олесната работата. Една ваква машинка заменува десет пожарникари и ја олеснува работата“ – вели Ѓорѓиевски.

За една година откако е во оваа институција преку својата хуманитарна организација Ѓорѓиевски придонел за рекострукција и промена на повеќе работи во ТППЕ.

„Последните 30 години да се соберат заедно не е направено толку колку оваа година. Реновиран е целиот прв спрат, стигнат е нов камион, ново возило еве сега и двете машинки“ – досава Ѓорѓиевски.

Новите машинки за гаснење шумски пожари треба официјално утре да и се предадат на ТППЕ Штип и да се стават во функција.

Лаура Стојанова М-Нет