Берат Исмаил го засили велешки Борец

Повратникот во Втората македонска фудбалска лига екипата на Борец од Велес за новата сезона се засили со Берат Исмаил, кој во новиот второлигаш доаѓа од редовите на третолигашот Влазерими од Кичево.

26-годишникот ги има поминато сите младински категории во Вардар, а играше и во младинската Лига на шампиони, во својата кариера Исмаил има настапувано и за Беса од Добри Дол, дебарски Кораб, Генч Калемлер, како и младинските категории на Вардар и Металург, а на меѓународната сцена настапуваше за турски Сиваспор.

Борец за новата сезона од Втората лига досега се засили со голманот Петар Јакимов, кој е поранешен голман на репрезентацијата на Македонија до 19 години и Матеј Цветановски, а во следниот период се очекува нови засилувања во Борец.

Александар Ванев, М-Нет