
Штипјанецот Бобан Георгиев е ново засилување за Пелистер, откако битолскиот тим се избори за враќање во фудбалската елита на Македонија.
Георгиев веќе е претставен во дресот на битолскиот прволигаш, тој настапува на десната крилна позиција, но истовремено може да ја покрива и левата крилна позиција.
Со своето искуство Георгиев ќе биде големо засилување во тимот на Влатко Костов за новата сезона како повратник во Првата лига.
27-годишникот во Битола пристигна од прволигашот Воска Спорт од Охрид, каде настапуваше минатата сезона, претходно играше за Леотар Требиње и Борац Бања Лука во Босна и Херцеговина, Радник од Србија, а во Македонија беше дел од екипите на Металург, Силекс и Брегалница.
Александар Ванев, М-Нет