
Беласица го одигра својот втор контролен натпревар во рамки на подготвките за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига. „Струмичката“ гордост на вториот меч беше поразена од косовскиот тим Феризај со резултат од 0:2.
Пред четири дена Беласица го одигра првиот контролен натпревар против второлигашот Кожуф од Гевгелија, кој заврши без победник со по еден гол во мрежите (1:1).
Следни контролни натпревари за Беласица ќе бидар против Септември Симитли, Беласица Петрич, Академија Пандев и „генералка“ со Брегалница во Штип.