
Екипата на Башкими преку бараж се врати во Првата лига по долги години, откако на Градскиот стадион со 0:2 славеше над Беса, со што тимот од Добри Дол испадна во Втората лига по само една сезона во Првата лига.
Башкими одигра одличен меч и ја оствари својата цел – враќање во елитата.
Саити и Алексовски беа стрелци на двата погодоци за тимот од Куманово, откако првиот беше постигнат во првото полувреме, а потоа печатот на победата беше ставен во 80. минута.
Покрај Башкими оваа сезона од Втора во Прва лига влегоа и Македонија ЃП како шампион и Арсими како второпласиран кој испиша историја.
Александар Ванев, М-Нет