
Во тек се активностите за нанесување на прв асфалтен слој на улицата „Христијан Карпош“ во населба Леваци во Штип. Во наоредниот период треба да се нанесе и вториот асфалтен слој со што улицата целосно ќе биде завршена. Освен оваа улица во населба Леваци предвидено е да бидат реконструирани повеќе улици, со што ќе се одговори на барањата на граѓаните.
“Овде се работи на улица Христијан Карпош. Претходно се работеше на тротоарските површини и промена на земјиниот слој кој беше оштетен. Денес по завршувањето на активностите за нанесување на прв асфалтен слој доколку не послужат временски прилики во деновите кои следат ќе биде нанесен и вотриот асфалтен слој. Во населба Леваци предвидено е комплетно да се реконструираат и улиците Асном, Коле Неделовски и слично“ – вели Јорданов.
За улицата Христијан Карпош се издвоени околу 3,5 милиони денарипари од Буџетот на Општина Штип. На ваков начин парите на граѓаните се враќаат назад кај нив, преку проекти и инвестиции.
„Вкупната инвестиција која е одвоена за оваа делница е 3,5 милиони денари од Буџетот на Општина Штип, а вкупната инвестиција за улиците кои во наредниот период ќе бидат реконстуирани е нешто околу милион евра.“ – додава Јорданов.
Јорданов посочи дека трендот на реконструкција и на инвестирање в сите населби ќе продолжи и во наредниот период.
Лаура Стојанова М-Нет