
Трајче Здравков е новиот директор на Центарот за развој на Источно планскиот регион. Од почетокот на наредната година тој ќе ја извршуваа оваа функција, а доаѓа на местото на Зуица Ангелова. Здравков посочи дека во периодот кој следи ќе продолжат со работа, реализација на проекти со кои ќе бидат опфатени сите општини од овој регион.
„Како нов директор на Центарот за развој на ИПР од 2025 година можам да кажам дека со тимот посветено ќе работиме на реализација и ќе бидеме максимална поддршка за развој на овој регион“ – вели Здравков.
Трајче Здравков до сега беше шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Неговото место за сега останува празно додека да се најде нов шеф на кабинет.
Лаура Стојанова М-Нет