
Овој викенд на програмата се натпреварите од 3. коло на женската ракометна Суперлига, а штипски Астибо утре ќе го одигра првиот меч на домашен терен во новата сезона.
Астибо во новата сезона има амбиции за влез во плеј-оф и ќе атакува на местата кои водат кон Европа, а утре во првиот меч на домашен терен ќе се соочат со Стружанка во 12 часот.
Третото коло ни го носи и големото дерби меѓу Вардар и актуелниот шампион Ѓорче Петров. Дерби во кое императив за трите бодови имаат две екипи. „Лавиците“ ја бранат титулата, а Вардар оди по атак на титулата.
Овче Поле на домашен терен ќе игра против големиот фаворит Куманово, квалитетот е на страната на гостинот, па доколку трите бодови не заминат во Куманово ќе биде големо изненадување.
Металург Автокоманда на домашен терен ќе се соочи со екипата на Гевгелија во меч каде тимот од Автокоманда ќе биде апсолутен фаворити, па овде прашање ќе биде само резултатската разлика во полза на домашниот тим.
Скопје на домашен терен ќе се соочи со дебитантот Ѓорче Петров 2. Скопје тргна со пораз од штипски Астибо, а потоа триумфираше убедливо над Стружанка, а пак новиот член на Суперлигата оди по прва сезонска победа.
Колото ќе се комплетира в недела со екипите меѓу Деспина и Спартак дуел каде Деспина по два порази во низа ќе бара прва победа, а пак Спартак оди по втор триумф.
Александар Ванев, М-Нет