Арсими лесно до осминафинале во Купот на Македонија, откако со 12 гола ја декласираше Могила

ФОТО: ФК Арсими

Прволигашот Арсими лесно обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија, откако со убедливи 0:12 славеше над третолигашот Могила.

Хет-трик забележа Лорик Каба Јакупи, двоен стрелец беше Ебрима Гаје, а по еден гол постигнаа Фатјон Јусуфи, Арџент Гафури, Башким Велија, Салваторе Рибаудо, Бленди Селами, Суби Мустафа и Шабан Мемети.

Остануваат уште два натпревари за да се комплетира првата фаза односно да се добијат последни два осминафиналисти.

Третолигашот Крошу Спорт од Битола ќе игра против прволигашот Тиквеш на 6 октомври, а пак на 14 октомври Вардар Неготино ќе се соочи со Работнички.

Досега пласман во осмифиналето обезбедија Брера Струмица, Македонија ЃП, Пелистер, Струга Трим Лум, Вардар, Брегалница, Беласица, Новаци, Скопје, Каменица Саса, Шкендија Арачиново и Башкими.

Куп титулата ја брани Силекс, кој во првата фаза беше слободен и директно патува во осминафиналето.

Александар Ванев, Струмица Сити