
По осум одиграни кола во Првата лига екипата на Брегалница направи прогрес на табелата, Скопје и натаму е „закован“ на дното, а пак Шкендија е на врвот од табелата.
Откако беше одиграно осмото коло во однос на седмото се случија некои мали промени на табелата, со што некои екипи прогресираа, а некои екипи се спуштија за некоја позиција подолу.
Шкендија останува лидер на табелата со 19 бодови на своето конто, два повеќе од Струга Трим Лум која е на второто место на табелата, додека пак шампионот Вардар се проби до третото место со 14 бодови. Тиквеш и Шкендија Арачиново го делат четвртото место со по 13 бодови.
Брегалница се проби до шестата позиција на табелата и на своето конто има десет бодови, а пак Силекс е седми со девет бодови. Во бараж зоната е Арсими кој има осум бодови, а во зоната за директно испаѓање е Башкими со четири и Скопје со три бодови.
Александар Ванев, М-Нет