
Наместо барок од стиропор и бели палати, Владата предводена од СДСМ продолжува со антикризните мерки, а парите се насочуваат кон граѓаните, кон учениците и студентите – истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип.
Изјава 00.22 за над 01.26 категории Билјана Казанџиска ОО на СДСМ Штип
„За над 150 илјади ученици и студенти, обезбедени се 16,3 милиони евра финансиска подршка, до крајот на учебната односно академска година, со цел полесно надминување на предизвиците Во услови на зголемени трошоци за живот. Со владина одлука обезбедени се 600 стипендии за ученци кои се запишани во јавните средни училишта во дуални паралелки од Здравствената струка.
5000 стипендии за ученици од останатите профили од дуални паралелки од дефицитарни струки, во износ од 3500 денари, 1500 од останати струки, надарени спортисти,уметници односно 2,6 милиони евра од Буџетот за овие профили.“ – велат од СДСМ Штип.
“За да уништиш една нација, уништи го образованието “, конечно предизборно владата предводена од ДУИ преку нејзинот малцински партнер СДС во улога на гласноговорник, гордо и гласно признаваат за нивниот проект во овие 7 години во ресорот образование! – вратија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
„Резултатите на оваа влада во образованието се непостоечки ,исто како и Студентскиот Центар во Штип, ветување кое стои на страна 79 од програмата на СДС! Кога веќе ветениот центар во Штип го нема, дали знаете дека во постоечките студентски домови условите се катастрофални! По спроведениот проект со соработка со Министерството за земјоделие “4кг јаболки на секое дете”, да Ве прашаме дали јаболките помогнаа на децата да можат да учат без учебници и дали планирате нов ваков проект кој што би им помогнал да учат од учебници полни со грешки? Нема ни дигитални учебници, како и работа со компјутер на учениците? Политички преку бирото за развој на образованието “заборававте обуки, заборававте испитни сесии за наставниците, поништувавте испити, меневте директори за блокирање на процесите” и сето тоа на штета на учениците и вработените, намерно уништувајќи цел воспитно-образовен систем!“ – стои во писмената реакција на ВМРО ДПМНЕ.
Од таму велат дека учениците, студентите, наставниците, вработените, невработените, пензионерите се во ваква позиција поради неспособноста и корупција на оваа Влада.
Лаура Стојанова М-Нет