Со поливна милион денари ќе се реконструира и уредува улицата „Милојкова“ во штипско Ново Село

Започна реконструкцијата на улицата „Милојкова“ во штипско Ново Село. По повеќе од една деценија улицата ќе биде уредена со павер елементи, а ќе се работи и на неколку потпорни ѕидови. Увид во градежните активности на лице место изврши градоначалникот Иван Јорданов, кој посочи дека иако улицата изгледа невидлива, сепак е доста фрекфентна за жителите кои живеат и гравитираат овде.

„Овде ќе се изврши тековно одржување, однонсо реконструкција на самата улица преку ЈП Стипион затоа што повеќе од десетина години наназад оваа улица не била реконструирана. Има доста семејства, доста фрекфенција, улицата можеби не е видлива за останатите граѓани но одлучивме согласно програмата да се опфати оваа улица. Ќе биде соодветно истретирана со павер елементи, одредени делови со потпорни делови за да има поголема безбедност“ – вели Јорданов.

За реконструкција и третирање на оваа улица општината издвои нешто повеќе од половина милион денари. Се очекува во наредните неколку недели да биде целосно завршена со што ќе се подобри безбедноста на жителите кои живеат или минуваат одовде.

„Согласно динамиката очекувам оваа година голем број на улици да бидат опфатени. Нешто повеќе од половина милион денари ќе бидат потрошени за соодветно третирање на оваа улица „Милојкова“, на која повеќе години нема ништо променето“ – вели Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов посочи дека согласно програмата на општината и ЈП Стипион ќе се работи на повеќе улици кои во наредниот период ќе бидат реконструирани и уредени.

Лаура Стојанова М-Нет