
Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов денес дополнително ја појасни својата претходна изјава за надоместоците на доброволците, откако таа предизвика реакции во јавноста. Тој вели дека кога зборувал за дневниците, мислел на тимовите за брз одговор на ДЗС, а не на доброволните противпожарни друштва.
,,Пред неколку дена изјавата ми беше кажана нејасно за дел од македонската јавност во моментот, кога зборував за дневниците кои што ги зимаат доброволците, мислев на тимовите за брз одговор, кои што се составени претежно од доброволци. Нашите доброволни пожарикари не земаат никаков надомест од државата. Се извинувам доколку некој се нашол засегнат, но повоторувам во мојата изјава, сметам дека бев доволно прецизен. Зборував за тимовите за брз одговор на дирекцијата, кои што добиваат дневница. Иако најголем дел од доброволците не бараат ниакква дневница, би кажал и за мината година и останавме и должни како дирекција, поради слаб буџет и тоа ќе го регулираме во следниот период, сепак како дриектор сметам дкеа треба да го почитуваме нивниот труд.“, кажа Ангелов
Директорот Ангелов, потенцираше дека неговата изјава се однесувала исклучиво на доброволните пожарникари, кои што се дел од тимовите за одгвоор. Како што подвелече, тоа се оние тимови, кои ги ангажира дирекцијата.
,,Мојата изјава се однесуваше исклучиво на доброволните пожарникари, кои што се делови од тимовите за брз одговор и тоа јасно го нагласив, но во јавноста, луѓето и нормално и очекувано е да не знаат што е тим за брз одговор. Тоа се оние тимови, кои што ги ангажира дирекцијата. Мојата намера е да им дадам и видливост на доброволните противпожарни друштва, а не ние како дирекција да се криеме зад нив преку нашите тимови, бидејќи иднината на гаснењето на летните пожари, јас ја гледам во развој на доброволното пожарникарство. Затоа ја користам оваа прилика да ги пвоикам останатите доброволни противпожарни друштва, кои што имаат одредени капацитети, а не дошле денес, нека ме побараат, не е проблем да го најдат мојот телефонски број, нека дојдат во дирекцијата, за да најдеме начин како да бидат ангажирани уште во текот на ова лето.“, вели Ангелов
Истовремено, Ангелов ги повика останатите доброволни противпожарни друштва, кои што имаат капацитети, да отидат во дирекцијата за заштита и спасување, за да се најде прстор и тие да бидат ангажирани во текот на летото.
Иван Митев, М-Нет