Активни се пожарите во овчеполските села Горно и Долно Ѓуѓанци, Патетино и Ранченци, има помош и од Србија

И понатаму беснеат пламените јазици низ овчеполието. Оганот пустош прави низ овчеполските села, а моментално најзастапен и сеуште активен е пожарот во селата Горно и Долно Ѓуѓанци, вели градоначалникот на Општина Свети Николе Дејан Владев и додава дека помош ќе имаат во текот на денот од страна на српските власти со хелихоптерско гаснење на пламените јазици

“Од првичните сознание што бевме на терен од утрово, активни се пожарите помеѓу Горно и Долно Ѓуѓанци, со тоа што само што ми јавија дека за половина час ќе делува српски хелихоптер на тој дел и се надеваме со нивна помош тој пожар ќе биде локализиран. Инаку, лошо беше вчера во село Орел, каде што повторно се појави оган и изгореа доста куќи, но се случи и несреќа на противпожарно возило, но се е добро и со нив.”, додава Владев

Доста пожар има и во околните села Патетино и Ранченци, каде екипите се на терен, додава Владев и позитивно се надева дека во текот на денот пожарите ќе бидат ставени под контрола.

„Моментално лошо е помеѓу селата Патетино и Ранченци, таму има доста пожар, а екипите се на терен и се надеваме дека во текот на денешниот ден да ги ставеме под контрола. Добро е што од утрово нема толку ветер, како што беше вчера. Вчера пожарот беше непосредно дојден до манастирот и првите куќи во селото Ранченци, а опасност секогаш постои, неможам да кажам, но имаме доста екипи и пожарникари и се надеваме дека се ќе биде ставено под контрола.“, истакна Владев

Моментално во државата има вкупно 12 активни пожари и речиси 51 се веќе изгаснати, а под контрола се ставени 3 пожари. Она што останува како апел е доколку жителите на по пустите села забележат чад и било каква сомнителност, да излезат од местото, за да не настанат несакани последици, имајќи во предвид дека животот на луѓето е најважен

Лаура Стојанова, М-Нет