Членовите од „Офроад клубот“ Штип евакуираа цело семејство од пожарот меѓу Трогерци и Балван

Потресни сведоштва на граѓаните од селото Горни Балван каде вчеравечер беше зафатено со пожар. Велат дека последен пат ваков пожар имало пред десетина години, но сепак не бил со ваков голем интензитет за да од Немањици го зафати и Горни Балван. Велат дека направената штета е огромна, изгореле трла, стока, животни. За гасење на пожарот се приклучиле и селаните од селото а исто така имало и интервенција и од градот.

„Запалија и трло половина и трлото изгоре, стока изгоре животни изгореа. Среќа на народот, имаше многу народ го изгасија во селото, и селото ќе изгореше. Се огранизираа граѓаните иако е малку народ ама сите излегоа и од градот многу дојдоа. Од Долани дојдоа организација голема, трактори, и ветер имаше“

На теренот биле пристуни три противпожарни возила, но сепак на ридот каде најмногу горело не можеле да се качат бидејќи било непристапно. За гасење на ридовите кои се зафатени со оган можат само да интервенираат хеликоптери, бидејќи местото не е пристапно и за одење пеш.

„Пожарни две три дојдоа гасеа, ама на ридот горе не можеа да се качат, огнот си го зеде своето. Да инаку не бидува, авионски само инаку нагоре не можат да се качат, пешки не се оди не пак со превоз“

Во акцијата за гасење на пожарите се вклучија и челновите на ОФФ роад клубот Штип, кои помогнаа за евакуација на едно семејство од куќата која гореше меѓу селата Трогерци и Долни Балван.

Во текот на изминатиот ден гореа повеќе места во истокот меѓу кои Пехчево, Кочани, Свети Николе и Штип. Во овие моменти се аплеира до граѓаните со расположлива механизација да шрават пресеци и обрачи за да се спречи ширењето на огнот.

Лаура Стојанова, М-Нет