Денес штипјани бесплатно и анонимно ја испитуваа состојбата на црниот дроб

Денес бесплатно и анонимно граѓаните на Штип си ја проверуваа состојбата на црниот дроб од разни видови на заболувања. Големата национална кампања во склоп со „Хепар Центар – Битола“, Министерството за здравство и Клиниката за гастроентерохепатологија со едукативна и скрининг кампања го одбележаа светскиот ден на црниот дроб.

„Имаме можност да им понудиме на граѓаните, едукативна и скрининг кампања која е поврзана со црниот дроб. Скринингот кој се одвива во моментов е посветен на хроничните хепатити Б,Ц исто така и ХИВ. Истовремено правиме и ластографија современа метода или апарат кој дава очитувања колкаво оштетување има црвниот фроб од разни видови заболувања на црниот дроб како замастувања, алкохолни, неалкохолни, хепатити, афтоимуни заболувања на организмот, генетски или ретки заболувања. Ова е добра можност за тоа граѓаните да видат во кој стадиум е нивниот црн дроб и да направат скрининг да видат дали имаат одредена проблематика со хроничните хепатити.“ – изјави Мишковиќ

Голем интересот кај штипјани за да направат скриниг за состојбата на црниот дроб уште на самото поставување, вели Мишковиќ од „Хепар Центар“ – Битола. Секако препораките на Светската здравствена организација е барем еднаш во животот да се прави скрининг за состојбата на црниот дроб и на хроничните хепатити.

„Кога само пристигнавме имаше многу луѓе кои не очекуваа тука, тоа е добар одзив, се надеваме дека ќе продолжи така и понатаму, ова е уникатна можност, бесплатна, анонимна да го проверите својот статус. Знаете дека препораките на СЗО се барем еднаш во својот живот секој поединец да направи скрининг на црвниот дроб и на хронични хепатити.“ – додава Мишковиќ

Децидни штипјани дека ваквите скрининзи се многу добри, бидејќи многу поретко се води контрола за здравјето, па велат дека кога се шетаат во централното градско подрачје и кога се прават скринизни често ги посетуваат пунктовите и ја испитуваат состојбата на здравјето.

„Овоа е убаво, треба почесто да се организира, за да знаеме состојбата на црниот дроб, дали ни е чист или не. Искрено да кажам не сум правил многу одамна прегледи, а пријам алкохол, а не сум проверил многу одамна. Па треба да се организираат.“ – велат граѓаните

Инаку националната кампања минатата година посетила осум градови во нашата држава, а годинав ќе посети десет градови со главна цел, да опфати 2/3 од големите градовите во нашата држава.

Лаура Стојанова, М-Нет