Ако замрзнувањето на цените трае долго, ќе донесе инфлаторен шок по завршувањето на мерката

Мерката за замрзнување на цените на основните продукти мора да трае пократко, смета економистот Љупчо Давчев. За на среден и долг рок треба да се применат други мерки, во спротивно ваквата мерка на долг рок може да инцира инфалторни шокови по завршување на истата. Од друга страна, пак, истата не треба да предизвика зголемување на цените на некои други производи во трговските ланци на маркети, бидејќи тоа ним ќе им се врати како бумеранг.

„Она што е мое очекување, а тоа се покажува и со флуктуација на цените на некои основни продукти во Кина.Некој сигнал е дека полека почнуваат да се намалуваат а тоа значи дека ке се прелеи и во другите делови на светот.Според некои очекувања е дека до средината на 2022 година тие цени ке почнат да паѓаат.Мое лично очекување е дека никогаш не би се вратиле на нивото кое што беа пред ковид кризата. Меѓутоа сепак ке има некое надолно придвижување. Она што секогаш е со покачување на цените на светско ниво бидејки ова ние е увозно покачување на цените е дека колку брзо и рапиден бил растот на тие цени толку брзо и рапидно ке имаме пад на цените.

Она што е важно е дека замрзнувањето на цените нема да услови и намален увоз и недостаток на продукти на полиците во маркетите. Сепак, увозниците нема да можат долго време да опстанат без мерки од Владата.

Значи тие се некои основни мерки каде што државата може да им помогне на увозниците и на некој начин да ги амортизира загубите бидејки увозници и произвоидители со своите залихи до некој определен период без никаква државна интервенција.После тоа ке мора државата до некаде да интервинира ако сака да го продолжи овој период на фиксирање на цените.

Она што исто така претставува проблем е неочекуваната намалена количина производство на земјоделски производи. Ваквата ситуација е независна од ковид – пандемијата, зашто и покрај истата се очекувале зголемени количини од некои производи. Со тоа, заклучува Давчев, мерката е во ред, но не е за подолг временски период.

Ребека Спасова М-Нет