Килограм оризова арпа чини колку една биоразградлива кеса, оризопроизводителите разочарани

Предлогот за замрзнување на цените на оризот би значело катастрофа за производството на белото злато, децисни се оризопроизводителите. Како што истакнаа тие сегашна цена и така не ги задоволува основните потреби, а во меѓувреме сите трошоци за производство на ориз се зголемени. Или со други зборови кажано моменталната цена на оризовата арпа чини колку едно биоразградливо кесе.

„Секое замрзнување на цената на арпата, но и на белиот ориз ќе значи катастрофа за производството на ориз, секоја надеж би згаснала за нас оризопроизводителите. Ние не можеме да планираме ново производство доколку немаме идеја, план за покачување на цените“ – кажа Ташков.

Според оризопроизводителите од кочанско како што постајно варира односно се покаќува цената на нафтата и другите производи мора да биде зголемена и цената на оризовата арпа и белиот ориз. Во спротивно тие ќе бидат принудени да се откажат од производство на бело злато.

„Општо ситуацијата во аграрот е напната, земјоделците се откажуваат од производството. Се поголем број на оризови површини оваа година останаа не ожнеани, на тоа сме сведоци. Луѓето се разочарни, едноставно гледаат дека нивната мака не е довоно платена“ – додаде Ташковски.

Оризопроизводите се подготвени за дијалог и бараат од Владта исплата на средства до крајот на декември, за да можат да продолжат со производство на ориз.

Лаура Стојанова М-Нет