Агросмарт против Фреш Фрут во финалето на Водици Куп, утре од 13 часот во салата на СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип

Утре ќе се одигра големото финалето на турнирот во мал фудбал „Водици Куп 2025“ каде силите ќе ги одмерат екипите на Агросмарт и Фреш Фрут.

Големото финале ќе се одигра во Спортската сала на СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип, со почеток од 13 часот, каде се очекува неизвесен натпревар, а на задоволство на сите кои ќе бидат присутни во салата да уживаат во добар натпревар.

До финалето екипата на Агросмат стигна откако во полуфиналето славеше против Ѕурѕу Фарм со резултат од 3:1, додека пак екипата на Фреш Фрут преку пенал рулетот со 2:3 славеше над Радио Такси Де Лукс.

Александар Ванев, М-Нет