
Пациентите да ги пријавуваат лекарите кои бараат мито, порача денес министерот Арбен Таравар во својата изјава. Тој ги охрабри сите оние кој што имаат факти и докази за мито да ги донесат во МВР или кај директорите на клиниките, бидејќи тие како министерство се во постојана комуникација со повеќето од нив.
“Нудење мито тоа е непобитен факт, меѓутоа колку е тоа треба да се докаже. Ете јас ги охрабрувам сите кој што имаат факти да ги донесат или кај нас или во МВР или кај раководителите на клиниките. Јас ги повикувам сите кај нас или во полиција и кај директорите на клиниките, бидејќи ние сме секојдневно во комуникација со повеќето директори, така да било кај да пријават. Тука сме за да провериме и да видиме дали е вистина, тоа што го кажуваат.“, вели Таравари
Граѓаните на терен велат дека подароците се практикуваат само во знак на благодарност, а митото никако не го прифаќаат.
Во согласност со ситуацијата, доколку ваквата ситуација се докаже со факти и докази, понатаму одговорност превзима министерството за решавање на случаите.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет