Возењето со такси станува луксуз, граѓаните на терен едногласни дека цените се скапи

Скапа е цената на такси превозот за граѓаните во Штип. Едногласни пред камерите на М-Нет телевизија велат дека одењето пеш веќе им станува рутина, па колку и да е подалечна дистинацијата. Истакнуваат дека такси превозот им е потребен, особено за повозрасните и оние кои неможат да се движат.

На прашањето дали тие се чувствуваат безбедно во такси превозот и дали автомобилите се чисти со поделени мислења беа граѓаните, но сепак децидни дека треба да се води ред.

Во согласност со ситуацијата, имајќи во предвид дека во текот на изминатата година се пушти во употреба јавнот градски превоз, за по евтина сума некој од граѓаните започнаа да го користат.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет