ON LINE Априлилијада во Штип

Поради моменталната ситуација со Корона вирусот, овогодинешниот традиционален маскенбал во организација на „Дом на млади“ Штип ќе се случува ONLINE.
-„Во овие услови за прв пат на несекојдневен начин ја организираме градската „АПРИЛИЈАДА2020“. Ве покануваме да ни се придружите на овој настан кој ќе се одвива на Facebook страната на Дом на млади Штип со почеток во 14:00 и затварање на настанот во 18:00ч, во среда 01 април 2020. Со цел да ја задржиме традицијата на првоаприлски маскембал, изнајдовме решение кое нема да им го ускрати на децата ова задоволство за маскирање. Во соработка со Општина Штип, општинските градинки и основни училишта сите се заложија за правење на албум под маски со нивните ученици кои ќе ни ги достават и тука сите заедно ќе бидат објавени на едно место.“ – информираат од „Дом на млади“ Штип.