Тренерот на Македонската боксерска репрезентација (млади), Димитар Ташков штотуку не информираше дека најавениот двомеч Б и Х – Македонија се откажува. Имено поради зајакнување на мерките против ковид 19 во БиХ се откажуваат сите најавени манифестации од јавен карактер. Македонската млада боксерска репрезентација отпатува за Брчко каде што требаше да се одржи овој боксерски двомеч под раководство на боксерскиот ас Димитар Ташков а во чиј состав беа и тројца штипјани и тоа: Ѓоше Ѓошев и Ресул Мамудов од БК Пинк Пантер и Алпај Демиров од БК Демирови. Според информацијата од тренерот Димитар Ташков македонската млада боксерска репрезентација во текот на денешниот ден ќе се врати од градот Брчко,БиХ.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk
