
Казни за сите пешаци и возачи кои користат мобилен телефон и слушалки – новите сообраќајни правила почнуваат од утре, но дали истите ќе се почитуваат. Поддржувачите на оваа мерка веруваат дека ќе се стави ред во сообраќајот и дека вниманието на учесниците ќе се зголеми, што ќе доведе до помалку несреќи. Меѓутоа, на терен се чувствуваат поделени мислења – дел од граѓаните се загрижени за потешкотиите кои ова може да ги донесе во секојдневниот живот.
Од друга страна, оние кои не се согласуваат со мерката сметаат дека одговорноста треба да биде лична – секој пешак треба да внимава, без разлика дали слуша музика или разговара додека се движи. Тие истакнуваат дека вниманието може да се одвлече и без електронски уреди, па затоа не гледаат потреба од казнување.
Казната ќе изнесува 50 евра, а ќе бидат санкционирани пешаците, велосипедистите, возачите на тротинети и трактори доколку користат телефон или слушалки додека се движат.
Дали ова ќе значи поголема безбедност на улиците или ќе донесе нови предизвици во секојдневието на граѓаните?
Иван Митев, М-Нет