Mолебен за настраданите и денес оддржаа архиереите на МПЦ, присуствуваа студентите на УГД Штип

Со коленоприклони молитви и денес во црквата Успение на пресвета Богородица, архиереите на светата православна црква одржаа молебен за настраданите во трагедијата во Кочани. На настанот присуствуваа студентите од универзитетот Гоце Делчев Штип, како и ректорот Дејан Мираковски, заменик ректорот Мишко Џиндров, но и професорите. Со свеќа во рака и голема молитва и тие се помолија за покојот на загинатите, но и за спасение и исцеление на болните, кој со нетрпение сите чекаат да бидат вратени живи и здрави во своите домови. Свештениците читаа од светото евангелие според повеќе светители, наменето за христијанските заедници, со цел здравје, мир и напредок.

Покрај молебен, студентите имаа и отворено книга на жалост во дворот на црквата, односно пред ректоратот. Со силни зборови тие се сочувствуваа и збогуваа со починатите.

Иван Митев, М-Нет