Штипскиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на Кожуф, второлигашот од Гевгелија ги започна подготовките!

Штипскиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Кожуф од Гевгелија.

36-годишниот стратег го превзема кормилото на тимот од Гевгелија, а кој веќе ги започна подготовките за новата сезона, која ќе започне на 23 август.

Варадиновски последно го водеше Детонит Плачковица од Радовиш каде забележа големи резултати, откако во првата негова сезона водејќи го радовишкиот тим заврши на петтото место, а потоа во следната сезона заврши на третото место односно во бараж зоната што е најголем успех за радовишкиот фудбал, а Детонит Плачковица под водство на Варадиновски играше бараж за Прва лига, кој го загуби од Вардар во Струмица.

Варадиновски претходно ги водеше екипите на Каменица Саса и Кит Го од Пехчево, а сега го превзема Кожуф од Гевгелија.

Екипата ги започна подготовките за новата сезона во Втората лига, а договорени се и неколку пријателски натпревари преку кои ќе се проверува формата, а се преговара за уште еден до два дополнителни теста.

Кожуф формата ќе ја проверува со Беласица, Слога Виница, Тетекс и Брера Струмица.

Во следниот период ќе бидат претставени и првите засилувања во тимот на Кожуф, иако веќе има договорено неколку засилувања, за кои само се чека официјална потврда.

Александар Ванев, М-Нет