Денеска е Павловден, граѓаните се помолија за здравје и мир

Со мирис на темјан и ѕвонење на камбаните, низ сите православни храмови во земјава утрово се одржаа празнични литургии по повод празникот Павловден – денот посветен на светиот апостол Павле, столбот на христијанската вера. Верниците уште рано наутро се помолија пред иконата на Св. Петар и Павле, посакувајки си здравје и благосостојба. Истовремено вчера заврши петровденскиот пост.

Инаку , Апостолот Павле се прославува како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос.  Денеска именден празнуваат Павле, Павел и Павлина.