Закажан онлајн форум за родова еднаквост во Каменица

Во општина Македонска Каменица е закажано да се одржи онлајн форум во заедницата кој го организира единицата за локална самоуправа во соработка со центарот за истражување и креирање политики, лулуди, рурална коалиција, новинари за човековите права како и ЕХО Штип. Овој форум се организира во рамки на проектот „ Низ женски леќи“ покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост. Форумот во заедницата треба да овозможи идентификување на специфичните потреби и приоритети на граѓаните од сите групи во општина македонска каменица со цел обезбедување услови за приоретизирање на програмите и проектите како и истовремено подобрување на структурата на програмите во самата општина. Поради влијанието од актуелната состојба со корона вирусот ќе се користи платформата на апликазијата ЗУМ со три средби од по два часа со пријавените групи на каменичани и тоа 11; 19 и 26 мај од 11-13 часот на кои ќе бидат најпрвин дефинирани проблемите и предизвиците; давање предлог решенија и на третата сесија треба да се презентираат резултатите и следните чекори за дејствување.