Натпреварот Кит Го – Брегалница наместо во Пехчево ќе се одигра на алтернативниот терен во Штип

Фудбалските второлигаши денес се на обавезното тестирање а резултатите ќе се дознаат веќе утре четврток. Инаку до крајот на сезоната останува да се доиграат уште две кола кои барем што се однесува до титулата, Брегалница е убедливо прва и е новиот прволигаш. Во сабота 8 мај ќе се одиграат натпреварите од претпоследното 26 коло во кое ќе се сретнат Кит Го Пехчево и Брегалница. Најновите информации велат дека поради реконструкција на теренот во Пехчево овој натпревар ќе се одигра на „градски“ во Штип кој е пријавен како алтернативен, односно резервен терен на екипата на Кит Го. Веќе се делегирани и официјалните лица за овој натпревар на кој главен судија ќе биде Александар Василевски, прв помошник Милош Милошевиќ, втор помошник Горан Милошевски и четврти судија ќе биде Никола Русевски сите од Скопје. За Конролор е делегиран Тони Стојановски а Делегат ќе биде Горан Михајловски и двајцата од Скопје. Поради поместувањето на полицискиот час и натпреварите во втората лига се поместуваат и во оваа 26 коло ќе бидат со почеток во 16.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk