Одбојкарот на УГД Штип Михајло Мирасчиев на подготовки со сениорската репрезентација на Македонија

Добрата организациска поставеност, одличната работа и раскошниот талент на штипските одбојкари се повеќе го красат македонскиот национален дрес. Според информациите од тренерот на УГД Штип, Ване Санев на поширикиот список на селекторот на сениорите, Никола Матијашевиќ се најде името и на штипјанецот Михајло Мирасчиев. Михајло Мирасчиев е роден на 29 септември 2003 година со висина од 2м. и 6 см. и игра на повеќе позиции. Вкупниот број на македонски репрезентативци е 20 одбојкари кои веќе се на подготовки во салата „Парк“ во Струмица каде што и ќе се одиграат и натпреварите од „А“ групата во рамките на Сребрената лига на Европа. Во Струмица покрај Македонија ќе настапат и селекциите на Данска, Кипар и Израел а првиот натпревар Данска – Израел ќе се одигра на 21 мај а Македонија – Кипар ќе играат на 22 мај. Втората „Б“ група ја сочинуваат селекциите на Австрија, Унгарија, Хрватска и Луксембург. Вториот турнир од „А“ групата од Струмица ќе се пресели и ќе се одржи во Шлагенсе, Данска и ќе започне на 28 мај оваа година. Амбициите на Македонија се освојување на првото место во Сребрената лига а потоа сите погледи ќе бидат свртени кон Европското првенство што ќе се одржи во месец септември.