
Организиран седма по ред крвдарителска акција од страна на млади Социјалдемократи во соработка со „Црвен крст“ Штип. Крводарувањето се спроведуваше во просториите на партијата, со почитување на мерките и пртоколите за заштита од Ковид 19.
„Денеска во просториите на ОО СДСМ Штип ние како локален клуб на млади социјалдемократи заедно со црвен крст организираме крводарителска акција. Ова е традиционална активност на нас, значи по седми пат денеска во просториите на партијата се организира оваа крводарителска акција“ – кажа Трајче Стојанов, СДСМ.
Во период кога ваквиот хуман чин на дарување на крв е повеќе од потребен, и можноста да се спасат еден до три човечки животи, акцијата течеше во најдобар ред а одзвиот на лица кои сакаат да даруваат крв е задоволителен.
Во склоп на организираната крводарителска акција од страна на младите Социјалдемократи, оскористена беше приликата да им се честитаат претстојните велигденски празници на сите граѓани, со порака да внимаваме на здравјето и да се чуваме.
Лаура Стојанова М-Нет