Штипска пензионерка со голема љубов и многу методи изработува совршено бојадисани јајца

По повод Велигденските празници и годината на хуманитарни активности на Здружението на пезионери Штип, оваа недела заклучно со денеска се подаруваат табла јајца за сите пензионери членови на здружението, табла јајца и маска.

„По повод годината на хуманитарни активности на Здружението на пензионери Штип и по повод велигденските празници, истото донесе одлука за своите членови да подели по една табла јајца. До сега во текот на изминатите денови се поделени околу 10 илјади јајца. Оваа акција ќе продолжи и во иднина, по празниците ќе се делат прехрамбени и друг вид на артикли.“ – истакна директорот на Здружение на пензионери Штип, Ристе Нетков.

Сите оние пензионери кои имаат некаква активност или работа во самото здружение имаат и можност да добијат симболично табла јајца. Пенизонерите задоволни.

Акцијата со делење табла јајца се спорведуваше во просториите на Здружението за пензионери Штип. Госпоѓа Марија е пензионерка, која доброволно деновиве влонтираше на пунктот. Таа во изминатите години со бојадисување на јајца има учествувано на повеќе натпревари и има освоено неколку награди. Годинава својата изработка ја подари на здружението на пензионери.

„Лани за најдобро вапчано јајце во Виница земав прво место, претходната година земав второ место, а сега вапцав за пензионерите да има јајца затоа што не можеме да се собираме. Јајцата ги вапцам на повеќе начини, со лак за нокти, со лушопа од јајца, посебен печат за бојадисување и салфетки“ – кажа госпоѓа Марија.

Делењето на табла јајца се делеше под сторги мерки и протоколи за заштита од невидливиоте непријател. Претседателот на здружението, Ристе Нетков, ја искористи приликата да им ги честита Велигденските празници како на пензионерите така и на сите останати граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет