ТФТ сигурен против штипјани, Хамилтон постигна 27 поени за гостите

фото: КФМ

Кошаркарите на ТФТ ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа ГКК Штип со 84:70, во првиот натпревар од четвртото коло на Суперлигата.

ТФТ – ГКК ШТИП 84:70

По изедначената игра во почетниот период, ТФТ го презеде контролата и со подобра игра во втората четвртина направи значителна разлика. На полувремето скопскиот состав имаше предност од 44:31.

Штип се обиде да се врати во натпреварот во вториот дел, но ТФТ го задржа водството и на крајот заслужено стигна до триумф од 84:70, втор за него во новата сезона.

Вајт беше најдобар поединец во победничкиот состав со 22 поени, четири скока и пет асистенции. Во редовите на ГКК Штип, Хамилтон постигна 27 поени, на кои придодаде шест скока и четири асистенции.

Продолжение на четвртото коло

Програмата продолжува в НЕДЕЛА, на 25 октомври, со три натпревари. Работнички ќе го пречека МКК Куманово, Кожув ќе игра против Тиквеш Голден Игл во Гевгелија, додека Пелистер во Битола ќе се соочи со Скопје.

Четвртото коло ќе биде комплетирано на 29 октомври, со дуелот меѓу Струмица 2001 и актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром. (КФМ)