Бројот на новоинфицирани лица од Ковид 19 во Источниот дел на државата во тренд на опаѓање

Последните неоклку дена забележителен е континуиран пад на новоинфицираните пациенти во Источниот дел на државата. Од ден во ден бројката се намалува, а со тоа им се остава простор и на болниците и здравствениот персонал. Дека пристисокот врз болниците е намален посочи и Министерот за здравство, Венко Филипче, но со предупредување да продолжиме со почитување на мерките. Во Клиничката болница во Штип моментално хоспитализирани се 87 пациенти од кои 42 во модуларната ковид болница каде остануваат 5 слободни места, и 45 пациенти на Инфективното одделениe со што овде остануваат не потполнети 13 кревети за ковид пациентите, но без можност за кислородна поддршка. Во последните 24 часа, во штипската болница се примени само 5 нови пациенти исто толку се регистрирани како оздравени, информираше потпаролот на Клиничка болница Штип Марина Шуманска. 57 пациенти имаат потреба од кислородна поддршка, а еден пациент на 80 годишна возраст од Штип ја изгубило битката со корона вирусот. Во кочанската Општа болница со проширена дејност, ситуацијата речиси идентична како вчера. Хоспитализирани се вкупно 29 пациенти во модуларната ковид болница, и две лица на Физикална медицина. Слободни се 15 места, истакна директорот на болницата, Александар Серафимов. Меѓутоа зголемен е бројот на лица на кои им е потребна кислородна поддршка. Ако во текот на вчерашниот ден таа бројка беше 16, денеска е 26. Не е регистрирано ниту едно починато лице. Според информации од Министерството за здравство во Истокот од државата најголем број активни случаи на ковид 19 се регистрирани во Штип 452, а најмалку во М.Каменица 14 лица.
Во земјата, досега, се направени вкупно 698.132 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148.618, бројката на оздравени пациенти е 125.593, на починати е 4.556, а бројот на активни случаи изнесува 18.469 лица.

Лаура Стојанова М-Нет