До касарната „Јане Сандански“ Штип ќе се чекори по нова, современа улица

Се работи на реконструкција и реновирање на повеќе улици во град Штип, меѓу кои и улицата „Доктор Слободан Јовановски“ пред касарната на која со години се нема променето ништо. Во должина околу 350 метри е иструган сегашниот асфалт, и се работи на целосна реконструкција на улицата. Постоечкиот руиниран пристапен пат кон касарната „Јане Сандански“ во Штип, која сега стана и НАТО батаљон во државата ќе добие современ лик.

„ Улицата „Др. Слободан Јовановски“ започната е нејзина рехабилитација каде веќе е изгребан стариот асфалт и во наредниот период ќе биде поставен нов асфалт кој ќе ги задоволува потребите на современ град. Предвидено е рековме стругање и профилирање на истата улица и асфалтирање во износ некаде околу 500 илјади денари“ – истакна градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов.

Како дополнение на ова од денеска се започнати градежни активности во насеба „Дуизлак“ во Штип, каде се работи на рехабилитација на три улици.

 Со постојана реконструкција и рехабилитација на улиците во Штип, градот добива современ, модерен и подобар изглед.

Лаура Стојанова М-Нет