
Денес, 22 април во услови на пандемија со строго почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид 19, одбележан е патронот на касарната „Јане Сандански“ во Штип. Во присуство на градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов, војници и старешини, припадници на командите и единиците сместени во касарната „Јане Сандански“ во Штип, се одбележа 106 годишнината од смртта на Јане Сандански.
Денес, одбележуваме 106 години од смртта на нашиот истакнат Македонски револуционер, војвода и раководител на Македонската револуционерна организација од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век., Пиринскиот цар, Јане Сандански, познат уште и како Сандан-паша и Старикот. Воедно, денес го чествуваме и патронатот на касарната чие име со формирањето на македонската армија, од април 1992 година гордо го носи нашата касарна, а во градот под „Исарот“ името на големиот револуционер и војвода е испишано и на таблата на средното општинско медицинско училиште.беше дел од одржаниот говор.
Првиот човек на градот под Исарот исто така искористи прилика да го честите петрониот празник на касарната.
Денес, РС. Македонија е рамноправна членка на НАТО и е на прагот за добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ. Ова не значи само гаранција за нашата безбедност, стабилизирање на Балканот и регионот во поширока смисла, туку и подобрување на социо-економската состојба на сите наши граѓани. Истакнаа во касарната.
Лаура Стојанова М-Нет